Патник во авион кој давал”необични изјави” и се обидел да ја отвори вратата за евакуација за време на летот е обвинет за мешање во работите на посадата, јавува Си-Ен-Ен.
Патниците и екипажот го совладаа човекот и летот слета безбедно.
Инцидентот се случил на Алјаска ерлајнс лет 132 до Портланд, Орегон, од Енкориџ, Алјаска.
Околу 10 минути пред авионот да слета, патникот, со седиште во ред 17, наводно, се обидел да ја отвори итната врата, изјави портпаролот на авиокомпанијата, Боби Еган.
Вратите за итни случаи се заклучени и не може да се отворат во текот на летот.