По бурните реакции и протестите на аеродромите низ САД што ги предизвика одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана за влез во САД на ѓраѓани од 7 муслимански земји, се огласи и Трамп кој во соопштение изјави дека забраната не е насочена кон муслиманите, туку е уредба за безбедност на државата.
-Да биде јасно: оваа не е забрана против муслиманите, како тоа медиумите погрешно го пренесоа. Тука не се работи за вера, туку за терор и за зачувување на безбендоста на државата. Во повеќе од 40 земји во светот кои не се опфатени со забраната живее мнозинско муслиманско население, напиша Трамп во соопштението.
Тој додал дека визите повторно ќе се издаваат во земјите од ова листа, тогаш кога ќе се изврши контрола врз импелментацијата на безбедносната политика во наредните 90 дена.
Извршната наредба Трамп ја потпиша во петокот и со неа се забранува на емигрантите од седум земји претежно со муслиманско население да влезат во САД. Оваа уредба предизвика бурни реакции во јавноста но и протести на аеродромите и градовите во САД.




