Речиси еден милион луѓе ја потпишаа петицијата со која се повикува Велика Британија да се повлече поканата до американскиот претседател Доналд Трамп да го потсети Лондон и да присуствува на вечера со кралицата Елизабета Втора.
Петицијата на која потпис ставија 930.000 луѓе е покрената пред премиерката Тереза Меј да го покани Трамп во државна посета минатиот петок, што значи дека би дошол на покана на кралицата.
Но кампањата за спречување на посетата на Трамп на Британија се засили откако Трамп ја потпиша уредбата со која се забранува влез на патниците од седум земји со претежно муслиманско население.
– На Доналд Трамп би требало да му биде дозволен влез во Велика Британија во својство на шеф на држава, но не да биде поканет во државна посета, бидејќи тоа би било срам за нејзиното кралско височество, се вели во петицијата.
Посетата на Трамп е кон крајот на оваа година.
Пратениците од владејачката Конзервативна партија и на опозициската Лабуристичка партија го критикуваа потегот на Трамп, а лидерот на Лабуристите Џереми Корбин порача дека државната посета на Трамп треба да се „стави на чекање“.




