Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа скок од 12 места и на најновото рангирање на ВТА е 192 во светот со 284 бода. Ова за неа е прв пласман под 200 позиција во кариерата на листата во поединечна конкуренција.
Напредокот доаѓа по завршување на Австралија опен и вкалкулирање на бодовите што тенисерите и тенисерките ги освоија при настапите. Ѓорческа во Мелбурн оствари две победи во квалификациите. Во првото коло ја елиминира Американката Викери, во второто и Унгарката Галфи.
На патот до главниот турнир беше поразена од Стефани Гофел, прва носителка во квалификациите. Швајцарката, пак, ги заврши настапите во второто коло по елиминацијата од Венус Вилијамс која играше и во финале на гренслемот против Серена Вилијамс.