Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Томислав Османли со објавени текстови во “Књижевна сехара”

0
By Нова ТВ on January 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 30, 2017 16:32

Во најновиот број на меѓународното електронското списание „Književna sehara“со редакција лоциранa во Сараево, со две објави како гостин на најновиот број е претставен македонскиот прозен и драмски автор Томислав Османли. 

Во рубриката „Роман“ заедно со биографијата на Османли кој со своите уметнички  објави е  присутен во медиумите во регионот и пошироко, објавен е превод на босански јазик на дел од наградениот роман „Дваесет и првиот“ (книга на фантазми).
Во наредната рубрика „Расказ“ публикувана е прозната фантазија со теми од светското стип-творештвото, насловена  „Океан од слики“. Првата објава на оваа нова проза на македонскиот писател во избор и превод на Билјана Билјановска беше објавен на италијански јазик, во е-списанието „BombaGiu“.
Осмилен како авантуристички текст, расказот на Османли  којшто е, инаку, неодамна напишан, е своевидна радосна ода на светот на фантастичните слики и приказни, а со тоа и пофалба на вербо-визуелниот наративен океан на Деветтата уметност, поточно на творештвото на стрипот, особено низ две парадигматични стрип творби: „Малиот Немо во земјата на соништата“ на Виндзор МекКеј од раната фаза на деветтат уметност; и „Корто Малтезе“ митскиот јунак на поновото стрип-творештво, создаден од стрип авторот Хуго Прат…  
Томислав Османли е автор на првата и се уште единствена македонска теоретска книга за медиумот и уметноста на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987 и 2002) за која во земјава стана лауреат на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика, а во регионот книга на признанието југословенска Книга на годината според изборот на  сараевското списание „Наши дани“. 
„Književna sehara“  го носи поднасловот „Списание за литературата на Балканот“ иако донесува и текстови од пошироките книжевни простори. Списанието кое се појавува шест години, го уредува писателката и поранешна професорка на сараевскиот универзитет Јасна Шамиќ, романистка и ориенталистка која од 1992 година живее и работи во Париз. „Списанието е“, како што стои во неговиот кус воведен програмски текст, „отворено за сите љубители на убавиот збор и за сите талентирани и демократски расположени автори на коишто љубовта спрема литературата им е над сите други вредности. Наша основна цел е борбата за слободата на убавото!“. Најновиот број на „Književna sehara“ објавува повеќе ткестови на познати и истакнати автори како од поранешните ју-пропстори, така и од странство.
Одломката од романот „Дваесет и првиот“  на хрватски јазик ја преведе уредничката на списанието  Јасна Шамиќ, додека расказот „Океан од слики“ авторот Томислав Османли изворно го напиша на српскохрватски, како што е и објавен во електронското списание за литературата на Балканот. 
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.