Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музејот на современа уметност со нови проекти во 2017

0
By Нова ТВ on January 31, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2017 15:31

Директорот на Музејот на современата уметност – Скопје, Лазе Трипков, претстави 21 проект, одобрени од Министерство за култура на Р М.

„2017-та ја започнавме со изложбата на „Ничија Земја“ на Стоун Дизајн со која беше претставена Македонија на Биеналето за архитектура во Венеција, после која ќе следи големата изложба на еден од најистакнатите македонски уметници, Петар Хаџи Бошков.

В0 2017-та ќе бидат реализирани:

Керамика – избор на делата од колекцијата на применета уметност во МСУ.

„Кале културна тврдина 2“

  1. Меѓународно биенале на млади уметници со наслов IN BETWEEN

Самостојна изложба на Велимир Жерновски „Преку црнилото/ релативна поставеност на земјата.“

„Миграции“ – меѓународна изложба

„Линеарниот цртеж низ призмата на македонската современа ликовна уметност“

„Македонска разгледница од колекцијата на МСУ

Жанета Вангели „Архив 1987 – 2017“

„Професија фоторепортер: Историја на документарната и репортажната фотогрфија во Македонија 1945 – 2016“, вели тој.

Од оваа година директорот го најави циклусот „Заборавените“ – кој ќе ги опфати уметниците кои творат надвор од нашата земја. Овој циклус започнува со ретроспективната изложба на Михајло Арсовски, основач на хрватската дизајнерска сцена.

– Исто така ќе организираме, форуми и работилници. Во подготовки сме, со форумот кој ќе има за цел да воспостави регионално поврзување со музеите и размена на искуства со колекциите кои ги поседуваат и проблемите со кои се соочуваат.

Во април ќе започнеме со  доопремување  во четвртата сала  (светла,изработка на паноа), која ќе овозможи изложување на поголем број од  најмаркантите дела од колекцијата на МСУ.

Во првата сала на катот, ќе биде отворен центарот  за едукација како и библиотеката која по подолго време ќе биде повторно достапна за јавноста.

Киното повторно ќе биде во функција, планирана е заедничка соработка со Македокс, како и програма со документарни филмови за нашите уметници и омажи на македонски режисери.

Тука е и конкурсот за кратки видеа и анимации за Музејот на современата уметност – Скопје, образложува Трипков.

Кустосот Благоја Варошанец, информираше за изложбата на 12 современи македонски уметници во галеријата МАНА во Њујорк, САД, меѓу кои Јован Шумкоски, Антони Мазневски, Жанета Вангели, Игор Јосиф.

Како и за Биеналето кое за прв пат ќе биде со меѓународен селектор – куратор: Јара Бубнова од Бугарија, еден од најискусните куратори во регионов. Ќе опфати географски регион плус со можност за идно проширување на земјите учеснички.

Исто така, започнува третата фаза, завршна од проектот за осовременување на депото, поддржан од Министерството за култура.

Анжелика Апсис, односи со јавност, информираше за првиот павиљон за млади кој ќе носи наслов „Солидарен павиљон за млади“, кој преставува солидарен гест на МСУ кон младите уметници, давајќи им можност да ги престават своите дела и да одржат работилници на теми кои најмногу ги засегаат.

– Исто така, понатаму ќе продолжиме со матинеата, кои се покажаа како одличен начин за неформално дружење и кои привлекоа најразлична публика.

Во февруари започнуваме и со концерти на  современа музика. Чест ни е да го најавиме концертот на пијанистката Ема Попивода, кој ќе се случи на 14 февруари 2017 година.

Ја прошируваме содржината на нашата книжарница.Од сега во неа ќе можат да се најдат и парчиња накит од македонски дизајнери кои ќе креираат посебна линија за музејот.

За летните месеци најавуваме  летно кино, под отворено, како и многу други содржини за кои ќе бидете благовремено  информирани, дополни Трипков.

2017 година МСУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.