Францускиот фудбалски клуб Лил им понуди на жените бесплатни влезници на нивниот стадион откако на стадионот во Лион (кој беше домаќин на натпреварот Лион – Лил) за време на викендот, се појави сексистички банер кој укажуваше дека местото на жените е во кујната, а на мажите на трибините.
Следната сабота, Лил игра против екипата на Лориен и на тој натпревар жените ќе влегуваат бесплатно во знак на поддршка.
„Жени, добредојдени сте кај нас“, објави клубот.
Ова е дефинитивно лоша реклама за Лион, чиј женски фудбалски клуб 14 пати го има освоено првенството на Франција.