Славниот Џони Деп е пред банкрот.
Педесет и три годишниот актер трошел по 2 милиони долари месечно во последните две децении, објави Д Манаџмент Груп, фирмата која се грижела за неговите пари, и која го тужи Деп за заостанати долгови.
Филмската ѕвезда потрошила 75 милиони долари за 14 куќи помеѓу кои еден замок во Франција, повеќе резиденции во Холивуд, голем стан во центарот на Лос Анџелес и фарма со коњи во Кентаки.
Потоа, Деп купил и јахта од 18 милиони долари, 45 луксузни автомобили, 700.000 долари месечно за вино, патувања во приватен авион и плаќал плата на персонал од 40 лица, стои во тужбата.
Одиме понатаму. Деп е колекционер на уметнички дела за кои потрошил вистинско богатство. Во неговата колекција има 200 парчиња од Енди Вархол и Густав Климт. Деп има и 70 скапи гитари.
Платил 3 милиони долари за да може од топ да го испука пепелот на ексцентричниот актер Хантер Томпсон кој почина во 2005 година. Топот бил специјално конструиран за оваа цел.
Холивудската ѕвезда реши да врати со тужба на тужбата. Деп бара 13 милиони евра од фирмата која, според него, лошо ги менаџирала неговите пари, земала кредити без да добие дозвола од Деп и го довела на работ на финансиска дупка.