Published: Wednesday, February 1, 2017 13:51
Вооружен маж се заклучил во соба во психијатрија во Истанбул и се заканувал дека ќе ги убие другите, а потоа ќе се самоубие.
Во меѓувреме полицијата преговара со него, јавуваат турските медиуми. Вооружените сили го евакуирале персоналот и пациентите.
Овој инцидент доаѓа по тензиите во Истанбул како последица од нападите на фреквентни места. Последниот напад беше во клубот Реина за време на новогодишната прослава, во кој загинаа 39 луѓе.
Неофицијално, напаѓачот со себе во собата заклучил и неколку заложници.




