НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Затворени се операционите сали-ортопедија остана без лекови

3
By Менче Атанасова Точи on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откажани се сите операции на Клиниката за ортопедија. Од вчера затворени се операционите сали и таму не се прават операции, дознава НОВА од лекарски извори.  Ситуацијата стана алармантна откога на ортопедија снемало основни лекови, антибиотици  и медицински потрошен материјали за болните.  На клиниката немаат ниту инфузии, а средствата за дезинфекција се при крај. Лекарите велат дека последната нарачка била направена во ноември минатата година. НОВА дојде до писмото со кое лекарите вчера го известиле менаџерскиот тим дека поради недостиг на лекови клиниката може да престане да функционира.

„Како последица од сето ова постои ризик за нормално функционирање на Клиниката за ортопедски болести што во  најголем дел би се одразило на потребите и здравјето на пациентите“, стои во писмото на лекарите упатено до менаџментот на Клиниките за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар.

Лекарите велат дека на ортопедија нема листа за чекање бидејќи постојано кубират со медицински потрошен материјал, а тендерот никако да се реализира. Од тие причини пациентите за операција чекаат со месеци, а некои и цела година.

Една од нив е Косанда Костадинова, гинеколог од Кочани. Таа за НОВА потврди дека веќе неколку месеци чека за да и биде вграден вештачки колк. Операцијата била договарана уште од март, за ноември кога и било кажано дека ќе добијат вештачки колкови.  Од тогаш почна голготата , ја започна својата приказна  Костадинова.

„ Од ноември ми одложија за декември. Во декември ми рекоа да се јавам после новогодишните празниците кога ќе имало требување на медицинскиот материјал од тендерот. Кога се јавив ми рекоа дека нема ништо од тендерот. Кога се јавив денес ми рекоа дека воопшто не прават операции бидејќи немаат материјал“, изјави за НОВА Костадинова.

Оваа 60 годишна жена и самата лекарка, вели дека ова пролонгирање и се одразило на здравата нога, има болки, криви на едната нога, а на работа оди и прегледува пациентки со ортопедско помагало.

„Сето ова ми се рефлектира на здравиот колк. Со кривење одам на работа, прегледувам пациентки. Но, не сум само јас. Многу мои пациентки или нивни роднини не можат да се оперираат. И самата работам во здравството и сметам дека тоа не треба да биде зависно од моменталната ситуација во политиката“, рече Костадинова.

Економскиот директор Александар Стаменковиќ кратко во СМС порака одговори дека операционите сали работат редовно согласно со оперативната програма.

„Ве известувам дека нема застој во работа и дека сите постапки за јавни набавки течат согласно планот за јавни набавки. Оперативната програма се одвива редовно и без застој“, се вели пораката на директорот Стаменковиќ. Стручниот директор Реџеп Селмани не одговори на телефонските повици.

НОВА уште во октомври минатата година објави дека на оваа клиника  нема основни медицински материјали поради што се одлагаат операциите. Таму долго време се чека на вешатачки колена, плочки, штрафови, анестетици, дури и на коскен цемент кој е неопходен во текот на операциите. Лекарите од Стручниот колегиум уште тогаш тврдеа дека за повредните од сообраќајни незгоди клиниката позајмувала медицински материјали на реверс од веледрогериите. Сега велат дека ситуацијата дополнително с е комплицира  поради приемот на многу пациенти  кои скршиле колкови, рака или нога од неисчистените улици од снегот.

Инаку, дел од медиумите пред два дена објавија дека македонството здравство е виско рангирано во Европа, според извештајот на Европскиот здравствен потрошувачки индекс и тоа во делот на достапноста на здравствените услуги.

 

 

 

лекови ортопдеија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.