Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со повлекување на средствата од федералниот буџет за универзитетот Беркли по протестите кои резултираа со откажување на гостувањето на Мајло Јанопулос, уредник на десничарскиот портал Брајтбрајт.
-Доколку универизитетот Беркли не дозволува слобода на говорот и спроведува насиство над недолжни луѓе со поинакви ставови, нема федерални средства, објави Трамп на Твитер.
Стотина демонстранти на калифорнискиот унивезитет Беркли вчера ги искршија прозорците на зградата, на автомобили подметнаа пожари и се судрија со полицијата, за да спречат Јанопулос да одржи говор.
Полицијата им нареди на демонстрантите да се растурат и го затвори универзитетот на два часа пред говорот што требаше да се одржи во Универзитетот.
Јанопулос чиј профил на Твитер минатата година е блокиран откако е обвинет за учество во онлајн вознемирување на актерка со афромаериканско потекло, ги критикуваше левичарите дека се уплашени од слободата на говорот и дека ќе направат се да го замолчат.
Тој во јавноста е познат како католик и алтернативен десничар, кој се декларира како хомосексуалец. Основачот на порталот Брајтбрајт е главниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон.




