Published: Sunday, February 5, 2017 09:41
Турската полиција, денеска, во неколку рации во четири градски окрузи во Анкара, уапси 60 лица, за кои се сомнева дека се членови на Исламска држава, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на турските медиуми.
Како што медиумите наведуваат, уапсените се главно странски државјани.
Овие полициски рации се организираат еден месец по масакрот во ноќниот клуб во Истанбул, за кој одговорноста ја презеде ИД.




