Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски: Кралев беше успешен министер

0
By Нова ТВ on May 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2013 14:30

Премиерот Никола Груевски во денешното излагање пред Собранието на Република Македонија каде го образложуваше изборот на новите министри, зборувајќи за оставката на министерот за образование Панче Кралев се судри во ставовите со пратеникот Ивон Величковски.

“Панче Кралев успешно ја извршуваше функцијата и се справи со многу проекти, како на пример екстерното тестирање, една круцијална реформа со успех. Во разговор со него, тој се согласи да работи како мој советник за прашања врзани со образованието и економијата”, рече премиерот на собраниската говорница.

Величковски реагираше на фалбите на премиерот за успехот на Кралев како министер.

“Она што вие го правите е обид да го анулирате неуспехот на министерот Панче Кралев и проекто екстерно тестирање”, реагираше пратеникот од ЛП Ивон Величковски.

Премиерот на ова реплицираше тврдејќи дека екстерното тестирање е огромен успех, кој со исклучок на некои ситни проблеми се одвивал непречено.

“Не се согласувам, токму овој проект е еден од најуспешните проекти кој господинот Панче Кралев го подготови, а кој со сосема ситни проблеми ваму – таму, главно се одвива одлично”,рече Груевски.

Екстерното тестирање помина проследено со протести од страна на дел од учениците и родителите, а на денот на самото тестирање во многу училишта системот падна и тестирањето не можеше да се одржи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.