Бугарскиот парламент изгласа денеска нова технократска влада предводена од социјалистите, со што е разрешена политичката криза, по неодамна одржаните избори.
Новата Влада, што ја поддржуваат социјалистите и нивните сојузници од партијата на етничките Турци, ја предводи Пламен Орешарски, поранешен министер за финансии.
Зад него застанаа социјалистите и партијата на турското малцинство, но не и националистите од „Атака“, иако токму нивниот лидер Волен Сидеров со својата регистрација придонесе да се создаде кворум, клучен за избор на Владата.
Државата е во сериозна криза и потребни се брзи мерки, потенцира Орешарски претставувајќи ги трите лостови на кој ќе биде потпрена програмата на неговиот Кабинет.