Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека дал инструкции на Министерството за внатрешна безбедност да ги проверува луѓето кои влегуваат во САД „многу внимателно“, и тоа им го напишал со големи букви.
-Дадов инструккции на Министерството за внатрешна безбедност да ги проверува луѓето кои влегуваат во нашата змеја многу внимателно. Судовите многу ја отежнуваат оваа работа, напиша Трамп на социјалната мрежа.
Трамп притоа алудираше на вчерашната одлука на Апелцискиот суд кој го одби барањето на администрацијата итно повторно да биде ставена во сила неговата наредба за забрана за влез во САД на државјани на седум претежно муслимански држави.
Трамп на Твитер имаше и порака за федералниот судија од Сиетл Џејмс Робарт кој во петокот ја запре извршнта наредба, кого го нарече „таканаречен судија“.
-Едноставно не можете да верувате дека судија би можел да ја доведе земјата во таква опасност. Доколку нешто се случи, обвинувајте го него и судскиот систем. Луѓето пристигнуваат во огромен број. Лошо!, напиша Трамп во еден од трите твита за работата на Робарт.
Тој го обвини судијата дека ги отворил САД за потенцијалните терористи.
Потпретседателот на Трамп Мајкл Пенс за Ен Би Си изјави дека претседателот на САД ги има сите права да ги критикува останатите две гранки на власти.




