НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сафирен јубилеј на најстарата кралица на светот Елизабета

0
By Нова ТВ on February 6, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската кралица Елизабета денес го слави својот “Сафирен јубилеј” по 65 години владеење. По смртта на тајландскиот крал Бумибол во октомври, таа стана најстариот кралски владетел на светот.

И покрај уникатниот јубилеј што досега ниту еден современ крал го нема достигнато, кралицата одлучи денес да биде за неа сосема обичен ден. Вчера на 5 февруари таа со сопругот војводата од Едимбург отиде на миса во црквата Сент Мери во Вест Њутон во близина на нејзиниот замок во Норфолк.

Кралицата има 90 години и вчера беше облечена во темно син и црн костум и шапка, насмеана како секогаш. Во нејзиното однесување ништо не укажуваше дека се подготвува за посебен ден овој понеделник.

И таа навистина нема предвидено никаква прослава на овој ден. Причината е веројатно што овој ден е за неа тажен. На овој ден почина нејзиниот татко кралот Џорџ VI. Па така таа одлучи да остане во замокот Сандрингам каде што згасна животот на татко и на 6 февруари 1952 година. Тој имаше 56 години.

Нема да има ни нов портрет на кралицата кој би го одбележал јубилејот. Сепак, Бакингемската палата денес објави портрет на кралицата кој е направен во 2014 година а автор е Дејвид Бејли. На портретот кралицата е облечена во син фустан а како накит носи сафир кој и бил подарен од татко и во 1947 година за нејзиното венчавање.

Свадбата на Елизабет и нејзината долгогодишна љубов Филип Маунтбатен

Крунисувањето на Елизабета на 2 јуни 1953 година

Една од првите фотографии на “Лилибет”, прекарот од младоста на кралицата родена на 21 април 1926 година

Нема сомнение дека оваа фотографија најмногу одговара на сафирниот јубилеј. Не знаеме дали во 2014 година било предвидено токму денес да се објави портретот.

Британците ќе и оддат почит на нејзиното височество со топовско пукање од Лондонската кула и Грин Парк како што бара традицијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.