Француската полиција соопшти дека уапсила осомничен за обидот за убиство на војникот кој беше нападнат во париската населба Ла Дефанс.
Осомничениот за нападот врз војникот е уапсен во Ивелен, во департментот Ил-де Франс југозападно од Париз, се наведува во цитираната писмена изјава на министерот Мануел Валс.
Според Франс прес станува збор за 22-годишен следбеник на радикалниот ислам.
Војникот Седрик Кордие во саботата беше прободен со нож во вратот додека со уште двајца колеги бил во антитерористичка патрола во департмантот Дефанс во близина на Париз, кога напаѓачот ми пришол од грб, го прободел во вратот и побегнал.
Дваесет и тригодишниот војник се опоравува во воена болница и животот не му е во опасност.
Инаку, саботниот напад врз францускиот војник во бизнис-центарот во Париз доаѓа по смртоносниот напад врз британскиот војник во Лондон.