Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги обвини „нечесните“ медиуми дека премолчуваат некои напади на „радикалните исламски терористи“.
-Исламската држава е ангажирана во кампања на геноцид, правејќи зло во целиот свет, рече Трамп во воената база мекдил во Тампа, на Флорида, стратешкиот воен центар за борба против џихадистичката организација.
Претседателот на САД рече дека „радикалниоте исламистички терористи во намера да ги нападнат САД како што тоа го направија на 11 септември, но во Бостон, Орландо или Сан Бернардино“, истакнувајќи дека истото и се подготвува и на Европа.
Белата куќа составила список од 78 терористички закани и напади како илустрација на ова тврдење на Трамп. Иако на овој список се наоѓаат напади за кои светскиот печат ја известуваше јавнста, како Париз, Ница и Сан Бернардино, Трамп сепак инсистираше дека во Европа имало голем број напади за кои медиумите не известувале, односно да ги претстави „онакви какви што се – како акт на тероризам“, објавија Гардијан и Франс прес.
– Во бројни случаи многу нечесни медиуми не сакаа да известуваат за тоа. Тие имаат свои причини и ја добро ги знам, а мислам дека и вие ги знаете, рече Трамп, притоа одбивајќи да појасни што мисли со тоа.
На списокот се наоѓаат терористички напади од Европа, преку Блискиот исток до Австралија, но не се знае од кои причини не се споменуваат терористичките напади во Израел.




