НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се најавуваат масовни отпуштања во текстилната индустрија

0
By Нова ТВ on May 29, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драстично се намалени нарачките за македонската текстилна индустрија, од 1,3 милиони на 423.000, поради што состојбата во секторот станува алармантна. Компаниите најавуваат масовни отпуштања веќе идниот месец зашто едноставно, велат, нема работа.

Според Кластерот за текстил, кој денеска одржа работен состанок, дополнителен проблем е и нееднаквиот третман на државата кон домашните фирми во споредба со странските инвеститори кои имаат низа поволности. Со субвенционирањето, пак, на земјоделството и туризмот индиректно се испраќа порака дека тоа сегранките на иднината на нашето стопанство.

– Во јуни веројатно ќе бидат отпуштени 1.000 до 2.000 вработени. Ова се првични најави, од само две до три фирми. Колкава ќе биде вкупната бројка допрва ќе видиме, рече Маријана Перковска, претседател на Кластерот за текстил, а пренесува државната агенција МИА.

Текстилците се пожалија и на немањето доволно стручни кадри, како и на застарена технологија што, напоменаа, се одразува врз профитот и платите. Тие бараат итна интервенција од надлежните со цел намалување на трендот на опаѓање на производството. Потребна е, порачуваат, стратегија, да се обезбеди продуктивна и квалитетна работа. Сметаат, исто така, дека паузата за појадок/ручек не треба да влегува во ефективното работно време и да се плаќа.

– Чудно е како македонската текстилна индустрија може да извезува, а не може да реализира пласман дома – истакна Владо Нетков од Кластерот.

Неговиот колега Сотир Ампов ги повика малите фирми со 20 до 100 вработени да се обратат до Кластерот заради сублимирање на проблемите и нивно решавање.

Од вкупнот број вработени во индустријата, околу 33 отсто отпаѓаат на текстилот. Оваа гранка според остварени приливи е на второ место, по металургијата. Се проценува дека годишно просечниот бруто девизен прилив од текстилната индустрија достигнува 560 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.