https://www.youtube.com/watch?v=b7xoyAQ3hPM
Пред да се врати во Вашингтон, поранешниот претседател на САД се втурна во водна и спортска авантура со неговиот пријател, основачот на „Вирџин груп“ и милијардер Ричард Бренсон, додека беа на одмор на Британските Девствени Острови со поранешната прва дама Мишел Обама.
Сега кога Обама е ослободен од многу наметнати ограничувања од тајната служба на САД, кои не му дозволуваа да учествува во активности како што се сурфање, Бренсон му понуди на Обама можност да научи да научи кајтсурф.
„Ние решивме да направиме пријателски предизвик: Дали Барак ќе научи да кајтсурф, пред јас да научам да фоилбоард? Се договоривме да имаме финални борби и да видиме кој ќе победи“, напиша Бренсон во неговиот пост на Virgin.com.
По неколку дена обука победи екс претседателот Обама.
“Бевме изедначени до последниот круг последниот ден, кога се исправив на даската и издржав повеќе од 50 метри. Се чувствував многу задоволен од самиот себе, до моментот кога го видов Барак како поминува 100 метри на неговиот кејтбоард! Морав да му симнам капа и да му честитам на победата“, напиша Бренсон.