Ланецот Ejџ&М (H&M) годинава лансира еколошка колекција. Манекенката која ја претставува новата колекција се вика Наталија Водијанова а името на колекцијата е Свесност (Conscious).
Продавниците на оваа шведска марка се познати како ефтини а марката постојано иновира. Годинава тоа е екологијата. Свесност им предлага на купувачите (а особено купувачките) “бионик” облека произведена од рециклиран полиестер. Материјалот е направен од пластичен отпад собран на бреговите на морињата.
За прв пат ќе има облека и за деца како и парфем произведен од органско масло.
Главната “ѕвезда” (заедно со убавата Наталија) на оваа колекција е свечен плисиран нежно розов фустан. Марката вчера ја претстави својата иновација.
Ако фустанот ви се допаѓа и сте решиле да го имате во својата гардероба ќе треба да почекате. Во дуќаните ќе може да се купи од 20 април.