Во 30 градови ширум Бразил полицијата започна штрајк, притоа одбива да ги спроведува законите и да ги штити граѓаните, а последиците од оваа анархија се застрашувачки, објавуваат денеска странските медиуми.
Како што известува Дејли Меил за три дена од почетокот на штрајкот бројот на убиствата се зголемил за неверојатни 650 отсто.
Најмалку 52 луѓе се убиени, а бандити скитаат по улиците, вооружени со мачети и со огнено оружје, пљачкаат продавници, палат автобуси и оставаат мртви тела по улиците.
Најголемо насилство има во сојузната држава Есприто Санто, каде нередите и злосторствата ги присилиле властите да затворат болници и училишта.
Во главниот град на државата Викторија стапката на убиства во 2015 изнесувала по две дневно, додека во последните три дена, има над 17 убиства, објавуваат медиумите.
На барање на локалните власти, сојузните воени сили почнале да пристигнуваат во градовите и да патролираат по улиците.
Вкупно се испратени 1.000 војници и 200 припадници на националната гарда, а командантот на полицијата во меѓувреме е сменет.
Полицијата го започна штрајкот во обид да изнуди зголемување на платите. Властите одбиваат разговори, но по избивањето на крвави нереди по улиците, сојузните власти се согласија на средба со полициските претставници, објавува Естадо Брасил.











