Published: Wednesday, February 8, 2017 23:26
Најмалку 8 луѓе се повредени во пожар што изби во метро станицата Пас д Итали во Париз, јави Раша тудеј.
Според очевидци, кои веднаш објавија постови на социјалните мрежи, прво се слушнала силна експлозија, по што избил пожар. Според Мирор најверојатно се работи за проблем со електричната инсталација.
Во тек е евакуација, а според медиумите, повредените се со респираторни проблеми од вдишување на чад.




