Долниот дом на британскиот Парламент со убедливо мнозинство од 494 за и 122 пратеници против го усвои предлог законот со кој конзервативната влада на премиерката Тереза Меј се овластува да започне преговори за излез од ЕУ.
Законот сега ќе оди во Горниот дом, Домот на лордовите, кој има моќ да го одложи, но не и да го запре неговото спроведување.
По предлог законот се гласаше по тридневна расправа, з авреме на која про ЕУ пратениците се обидоа да внесат амандамни со кои се гарантираше поголема улога на Парламентот во процесот на одвојување на Британија од ЕУ и во поставувањето на граница во преговарачкиот став на Владата со останатите 27 земји од ЕУ.
Владата сака законот да помине во Парламентот до почетокот на март, за да може да го започне процесот за излез од ЕУ до 31 март, како што најави Меј.
Предлог законот беше поднесен во Парламентот, откако Владата беше приморана на тоа со одлука на Врховниот суд во јануари.




