НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија ги врати бегалците од Табановце во Грција

1
By Менче Атанасова Точи on February 9, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите бегалци кои беа сместени во транзитниот центар во Табановце полицијата ноќеска, ненадејно и без образложение ги вратила во Грција, дознава НОВА. Станува збор за 49 бегалци од Сирија и Ирак, семејни луѓе, жени, деца, стари луѓе кои во центарот престојуваа речиси една година. Информацијата за НОВА ја потврдија и во транзитниот центар и во невладините организации кои се занимаваат со проблемот со бегалците.

Тие пред половина час влегле во Грција и  биле прифатени од грчката полиција. Неофицијално, постапката за враќање на овие бегалци се водела на високо ниво преку МНР, при што била пратена депеша до грчката страна за враќање на бегалците назад во Грција. Кога бил добиен одговор, МВР ги земала и ги транспортирала бегалците во Грција. Нашите извори велат дека причината за враќањето била бидејќи тие биле илегално влезени во Македонија.

Според информациите од центарот, доцна синоќа околу 11 часот дошла полиција и без претходна најава  или образложение на бегалците им било кажано да се пакуваат бидејќи ги враќаат назад во Грција. По ова бегалците набрзина биле качени во автобус и однесени кон границата со Грција. Како што дознаваме,  дел од овие бегалци сакале да продолжат кон земјите на ЕУ, а половина да останат во Македонија.

Неофицијално, се зборува дека нема повеќе пари за бегалците во Македонија. Во кампот во Гевгелија нивните оброци биле многу оскудни. Таму во моментот престојуваат 69 бегалци.

Од МВР за подоцна најавија детали за случајот. Неофицијално од МВР велат дека станува збор за реадмисија, согласно со договорот што Македонија го потпишала со ЕУ, а не за депортација на бегалците.

бегалци полиција Табановце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.