НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејан Ловрен: Дајте им шанса на бегалците

0
By Влатко Чаловски on February 9, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поимот бегалец не е нешто со кое политичарите треба да се однесуваат како со предмет. Бегалецот е речиси во сите случаи “производ“ на војна. Онаа војна која што се случуваше од 1993 до 1995 година во Босна и Херцеговина со себе зеде над 100.000 жртви, а остави многумина без она што до вчера го нарекувале „свој дом“.

Таква е и приказната на Дејан Ловрен, дефанзивен фудбалер кој од Краљева Сутјеска денес живее во Ливерпул, каде што настапува за еден од најтрофејните англиски клубови.

– Кога гледам што се случува денес, се сеќавам на она што ми се случуваше мене, на моето семејство и како луѓето не сакаа да одиш во нивната земја, Ловрен ја раскажува својата приказна пред тв-екран.

Започнува со неговото бегство на 3-годишна возраст од Краљева Сутјеска со своите родители, Хрватите Саша и Силва. Правејќи паралела со бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, тој вели:

„Разбирам дека луѓето сакаат да се заштитат, но замислете овие луѓе немаат дом. И тоа не по нивна вина. Се борат за своите животи како би им помогнале на нивните деца. Поминав низ сето тоа и потполно знам како им е. Дајте им шанса. Дајте им самo шанса и ќе ги препознаете кои се добрите а кои лошите луѓе“.

Тој и неговото семејство, кога ја напуштале Босна и Херцеговина, може да се каже дека имале среќа што своето засолниште го нашле близу Минхен кај неговиот дедо кој таму работел.

„Имав среќа со Германија. Ако тие не ни дозволеа да влеземе, не знам каде би биле денес. И никогаш не сакам да прашувам за тоа…Германија ги рашири рацете, не знам која друга земја во тоа време би го направила тоа“.

Три години биле во дрвена куќа со 11 луѓе внатре.

„Секоја вечер мајка ми ќе пуштеше радио да слушаме што се случува во БиХ бидејќи во малите села се случуваа брутални убиства“.

Но и покрај тоа што желбата за фудбалот ја развива во Минхен каде што и заигрува за младите категории, на 10-годишна возраст, Дејан Ловрен и неговото семејство добиваат ултиматум да ја напуштат Германија поради некомплетна документација.

Оттаму повторно ги напуштаат своите животи и се селат во хрватски Карловац.

Кога неговите родители страдале поради тоа што немале пари, работите ги зема во свои раце и на 14 години сам се пријавува во хрватскиот фудбалски гигант Динамо Загреб.

Сега, на 27 години игра во еден од најдобрите фудбалски клубови каде што заработува милиони, но самиот вели децата ги воспитува на начин што би сфатиле дека ништо во животот не доаѓа лесно.

„Некогаш кога моето дете бара некаква играчка лажам дека немам пари да ја купам. Мора да сфатат дека животот не е лесен. Не и се потребни 20 играчки кога една или две можат да бидат доволни“, раскажува тој во документарецот „Мојот живот како бегалец“.

Но и покрај оваа потресна приказна која ја раскажува тој, свесен е дека денес милиони деца страдаат а нивните родители се борат за своите животи, бидејќи често на бегалците се гледа како на ризик, багаж, паразити.

„Мајка ми цело време вели „Не им кажувај“ но јас морав да го направам тоа. Морав да ја раскажам својата приказна“, вели Дејан Ловрен, репрезентативец на Хрватска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.