„Владејачката гарнитура и опозицијата во Албанија треба да најдат начини за да соработуваат“, се вели во декларација, со која се упатува повик да се избегнува националистичка реторика и се потсетува дека државата е членка на НАТО.
Европската Унија изрази вознемиреност заради тензиите предизвикани од политичката клима во Албанија пред парламентарните избори закажани за 23 јуни.
Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон вели дека Унијата очекува албанските политички лидери да работат заедно за да докажат дека се надминати проблемите од минатото.
Во исто време во Тирана е и претставникот на Стејт департментот Џонатан Мур кој имаше средби со албанскиот премиер Сали Бериша и со лидерот на опозицијата Еди Рама.
Тема на разговорите била разгледана предизборната ситуација во државата како и прашањето за обнова на работата на централната изборна комисија по оставката на тројца нејзини претставници од опозицијата. Тие го обвинија Бериша дека се обидува на секаков начин да ја контролира работата на Комисијата.