Published: Friday, February 10, 2017 12:59
Француските антитерористички единици денеска уапсиле четворица, меѓу кои и 16 годипно девојче, а откриле и домашна лабораторија за правење експлозив ТАТП, соопшти француското Обвинителство.
Осомничените за подготовка на терористички напад се уапсени во околината на Монпеље на југот на Франција, пренесува „УСА Тудеј“.
Обвинителството соопшти дека се запленети 70 грама ТАТР, експлозив кој се прави од достапни состојки и беше користен во нападите во Париз во ноември 2015 и во март 2016 во Брисел.




