Сенатот на САД ја потврди номинацијата на Том Прајс како министер за здравство. Овој 62 годишен хирург и републиканец е познат во своите позиции против абортусот и голем противник на здравственото осигурување воведено во времето на Барак Обама и познато како Обамакер.
Претседателот на Трамп изјави дека Прајс е “исклучително квалификуван за да го истреа до крај нашиот ангажман за замена на Обамакер за да им дадеме на сите Американци пристапно здравстевно осигурување”.
Демократските сенатори беа против именување на Прајс па дебатата се продолжи доцна во ноќта. Тие сметаат дека неговото именување ќе им нанесе штета на милиони Американци кои зависат од Обамакер. Овој закон на Обама дозволи здравствено осигурување за 20 милиони Американци кои пред тоа немале ваква покривка.
Иако во изборната кампања Трамп ветуваше дека сосема ќе го укине овој закон одлучи сепак да зачува некои негови одредби.




