Published: Friday, February 10, 2017 14:53
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја одобри реформата на Уставот со која на претседателот му се обезбедуваат поголеми овластувања, соопшти неговиот Кабинет.
Референдумот по ова прашање како што беше најавено ќе се одржи на 16 април, изјави заменик премиерот Нуман Куртулмус.
Ердоган порача дека реформата ќе овозможи стабилност во овие несигурни времиња и ќе спречи враќање на кревките коалиции од минатото.
Противниците на турскиот претседател стравуваат дека оваа промена ќе доведе до уште поголема авторитарна власт во земјата.




