Американскиот претседател вчера срдечно го пречека јапонскиот премиер Шинзо Абе во Белата куќа, со напомена дека американско- јапонскиот сојуз е клучен за мир и стабилност.
На прес конференцијата Трамп рече дека неговата администрација е посветена на зближување на двете земји, додавајќи дека американско- јапонската одбрана ќе биде се посилна и дека САД се посветени на безбендоста на Јапонија.
Сепак еден друг детаљ ја одбележа средбата.
Многу корисници на социјалните мрежи не можеа, а да не ја забележат реакцијата на Абе откако Трапм се поздрави со него пред фоторепортерите, а потоа и му ја помилува раката, нешто што не е својствено за дипломатското однесување. Како дополнително необично однесување, медиумите го забележаа и фактот дека Трамп дури 19 секунди се ракувал со Абе.




