Бразилските власти соопштија дека постигнаа договор за ставање крај на штрајкот на полицијата во државата Еспирито Санто кој трае веќе седум дена и кој предизвика насиства во кои загинаа над 120 луѓе.
Полицијаците на кои властите им се заканија дека ќе добијат кривични пријави, се очекува да се вратат на своите работни места. Сепак не е јасно дали поголемиот број од полицајците ќе се држат до договорот.
Владата испрати дполнителна војска во југоисточната крајбрежна држава за да ја смири ситуацијата.
Роднини на некои од полицајците кои штрајкуваат за некои странски медиуми изјавија дека синдикатот на полицијата кој преговарал всушност не ги претставува нивните права.
Поради проблеми со буџетот со кои се соочува оваа бразилска сојузна држава, полицијаците излегоа на штрајк, што предизвика анархија по улиците, а контролата ја презедоа вооружени банди, кои оставаа мртви тела зад себе.




