Полицијата во бразилската држава Еспирито Санто не се врати на работните места, иако Владата претходно соопшти дека е постигнат договор за завршување на еднон еделниот штрајк кој предизвика на улиците на оваа федерална држава.
Членовите на семејствата на полицајците за Ројтерс изјавиле декаа договор не е постигнат, иако официјалните лица на оваа држава неколку часа претходно соопштија дека полицијата ќе се врати на работа во текот на денот.
Штрајкот на полцијата во Еспирито Санто трае веќе една недела и доведе до насилства во кои се убиени над 120 луѓе.
Владата испрати уште војка во оваа крајбрежна држава откако по улиците се појавија банди вооружени со мачети и оставаа мртви тела зад себе.
Поради проблеми во буџетот со кои се соочува оваа сојузна бразилска држава полицијата почна штрајк за зголемување на платите, што пак доведе до налаена безбедност и преку ден.
Вчера и полицијата во Рио почна штрајк поради малите плати, но поради законската одредба според која тие не смеат лично да протестираат, нивни роднини блокираа 27 од вкупно 100 полициски станици во градот во знак на незадоволство од ниските плати.




