Published: Sunday, February 12, 2017 09:41
Грчките власти организираа масовна евакуација на жителите од вториот по големина град во земјата, Солун, од каде привремено се исселуваат 72.000 луѓе, за денеска да биде деактивирана и отстранета бомба до Втората светска војна.
Воени експерти ќе се обидат да ја неутрализираат бомбата на местото на кое се наоѓа, а оваа операција според експертите ќе трае најмнаку неколку часа.
Евакуацијата започна утрово во 6 часот по лолано време, а жителите со автобуси се пренесуваат на оддалеченост од најмалку два километри од бомбата.
Лушето се сместени во училиштаа, ресторани и стадиони.
Властите исто така го евакуираат и бегалскиот камп што е во близина, а во кој има 450 луѓе.




