Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зад ѕидовите на Белата куќа: Која врата каде води, каде се пали светло

0
By Нова ТВ on February 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 12, 2017 12:22

Новиот претседател на САД обично наутро ги наметнува темите за кои би сакал да доминираат во текот на денот во јавноста, но се чини дека се што е клучно во претседателската резиденција се одвива во темница, и тоа буквално, пишува Њујорк Тајмс во неодамнешниот напис, што се базира на инсајдерски извештај со детали за функционирањето на Белата куќа со доаѓањето на Доналд Трамп.

Соработниците на Трамп, имено, важните состаноци обично ги одржуваат во вечерните часови и тоа го прават во темница, бидејќи како што се дознале репортерите од разговорите со десетина соговорници, се уште не сфатиле како функционираат прекинувачите за светло во одредени простории.

Многу од нив се уште не се снашле во лавиринтот од ходници и простории, па затоа често по состаноците се обидуваат да ги проверат кваките, за да го најдат вистинскиот пат кон излезот.

Празното Западно крило

Во затемнетото, главно празно Западно крило главен збор има провокативниот главен советник на Трамп за стретешки прашања Стив Бенон, кој таму поминува по 16 часови дневно ковајќи планови за политичките офанзиви на претседателот.

Дневните обврски на Трамп обично завршуваат околу 18.30, кога се повлекува на катот, за да ги наполни батериите, да ја испразни главата и да објави некој пост на Твитер.

Неговата сопруга и синот Барон уште некое време нема да дојдат во Вашингтон, па претседателот цело време е сам, повремено во друштво со неговиот догогодишен соработник и некогаше шеф на обезбедувањето Кит Шилер.

Кога не гледа телевизија, облечен е во наметка, а кога не е на телефон со некој од неговите соработници, лута по ходниците на неговата резиденција за да ги запознае непознатите делови.

Во текот на првите две недели на должност, во друштво на изненадувачки мал тим од 5-6 моќни советници, кои како него немаат речиси никакво искуство од извршна власт, Трамп успеа да предизвика турбуленции како во Америка, така и надвор од неа, потпишувајќи серија извршни уредби со цел исполнување на предизборните ветувања.

-Работиме на големо и тоа го правиме брзо. Не дојдовме тука за да се занимаваме со ситници, ги опишува Бенон, првите две недели во Белата куќа.

Но, како што забележува Њујорк Тајмс, ако има нешто ново кај новиот шеф на државата и неговата екипа, тогаш тоа е фактот дека брзината во државната управа не гарантира и успех.

Најдобар пример за тоа е уредбата со која се забранува влез во Америка на државјани од седум мнозинско муслимански земји, но и други потези и гафови, што резултираа со најниска поддршка на претседател на почетокот на првиот мандат во историјата на спроведување на анкетите. Поради сето тоа Трамп и неговите луѓе го преиспитуваат импровизирачкиот пристап кон владеењето што всушност е продолжение на неговата хаотична кампања.

И што сега

Трамп многу сака да повлекува големи потези, но како што наведуваат соговорниците за Њујорк тајмс, многу е фрустриран од начинот на кој неговите соработници го „гасат пожарот“ кој го предизвикува на тој начин.

-И што да правиме сега?, прашал резигнирано минатата недела еден од неговите соработници по низата негативни вести во врска со претставувањето на кандидатот за нов судија во Врховниот суд Нил Горсач.

Ништо не им е јасно

Директорот на конзервативната медиумска куќа Њузмакс Крис Ради, инаку долгогодишен пријател на Трамп, дал свое видување на ситуацијата.

-Мислам дека тој (Трамп) успехот ќе го бара во резултатите од анкетите. Доколку бројките бидат лоши или ако бидат уште полоши, некој ќе мора да сноси одговорност за тоа. Мислам дека неговите луѓе не разбораат што се случува. Тој сега е толку затечен со овој хаос, а демократите, демонстрантите и медиумите мирисат крв, толкува Ради.

Денот Д

Еден од луѓето кои биле во најтесниот круг на Трамп, првите недели во Белата куќа ги спореди до Денот Д, но со напомена дека му се чини оти „претседателската војска се истоварила на плажа без никаков план за долготрајна војна“.

Судирите меѓу најблиските соработници на претседателот, посебно на самиот почеток на мандатот не се невообичаени, но никогаш не биле толку јавни како во случајот на Трамп.

-Имаме претседател кој во Вашингтон дојде со ветување дека се што ќе допре ќе го помести и ете како тоа изгледа. Невешто, вели Ари Флечер, портпарол на Белата куќа во времето на Џорџ Буш помладиот.

Затворен во Белата куќа

Сето тоа се случува додека Трамп, човек со флесибилна идеологија, но роб на сопствените навики, се обидува да се прилагоди на новата работа, живот и градот. Одеднаш се најде затворен во Белата куќа, без постојан контакт со обожавателите и приврзаниците, кои во текот на кампањата му беа „погонско гориво“.

Семејството Трамп

Тој е под се посилен притисок на функцијата која мора да ја врши и вестите за протести против него што постојано му пристигнуваат. Поради тие демонстрации тој минатата недела ја откажа посетата на Милвоки.

За да стекне впечаток што се случува во надворешниот свет непрекинато ден и ноќ гледа кабелска телевизија. Соработниците се убедени дека гледа премногу.

До пред неколку дена, Трамп ги уверувал дека добро започнал, дури ги исмејувал оние кои имале некаква забелешка. Но мислењето од недамна почна да му се менува, откако стана свесен за лошите вести кои не престануваат да пристигнуваат.

Соработниците се скарале

Минатиот викенд, првпат по инаугурацијата преспал надвор од Белата куќа, бил во неговиот приватен клуб Мар –а Лаго во Палм Бич, Флорида. Со себе повел и двајца скарани соработници: Бенон и шефот на персоналот во Белата куќа Ринс Прибус. Во паузата од дружбата со богаташката клиентела и свечениот бал за време на кој заиграл и со сопругата Меланија, објавуваше бесни пораки на Твитер, најпрво насочени кон сојузниот судија кој му ја суспендираше уредбата за имигрантите.

 

Во моментот кога сфатил дека уредбата веќе не е на сила, Трамп одлучил, иако никогаш претходно не се грижел посебно за деталите на некоја одлука, дека мора работите да се доведат во рамки на протоколот вообичаен за сите претходни администрации. За тоа го задолжил Прибус, на кого му наредил во иднина да го брифира за клучните детали од одредени одлуки многу порано пред тие да дојдат кај него на потпис.

Грабање за моќ

Прибус, настојувајќи да зграби што повеќе моќ во свои раце, тоа со воодушевување го прифатил и веднаш направил стандарден план од 10 чекори без кој во иднина нема да биде можно донесување на извршни уредби. Секој од десетте чекори ќе ги надгледува Прибус, што значи дека Бенон и политичкиот советник Стивен Милер веќе нема да бидат соло играчи чиј досегашен модус операнди многумина коментатори ги наведоа да ги наречат центри на моќ во Белата куќа.

Прибус на Трамп и на Бенон им рекол дека мора да се поработи на подобра комуникација за да не се повторуваат ситуации како онаа со уредбата за имигрантите, која е донесена без никакво консултации со бројните државни агенции кои требало да ги спроведат. За неа пред донесувањето ништо не знаеле ни републиканските лидери во Конгресот.

Иако Прибус приграби дел од моќта, Бенон и натаму е доминантен, наведува Њујорк Тајмс дури и откако Трамп побеснел, бидејќи овој не го брифирал детално за содржината на уредбата на чија база Бенон влегува во Советот за национална безбедност како постојан член.

Фактот дека Бенон станува постојан член во тој Совет предизвика згрозување и меѓу демократите и меѓу републиканците, а посебно во воено разузнавачките кругови каде традиционално се избегнувало именување на политички оперативци.

Влијанието на Бенон и натаму е силно делумно поради тоа што Трамп смета дека има јасна визија за она што сака да го спроведе, а делумно затоа што другите луѓе кои според функцијата би требало да имаат силно влијание не почнале тоа влијание да го користат.

Џаред Кушнер се грижи за децата

Како пример Њујорк Тајмс го наведува зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Иако го гледат на клучните настани во Вашингтон, а често се појавува и на пригодни фотографии со претседателот, главна преокупација во моментот му се неговите деца, кои се прилагодуваат на новиот живот во новиот град.

Фото Њујорк Тајмс: Најблиските соработници на Трамп

Бенон во таква ситуација едноставно го исполнил вакуумот и одлучил заедно со Милер во краток рок да протуркаат што е можно повеќе замисли под плаштот на економскиот нациопнализам на Трамп.

Истовремено, почнал да гради мостови со клучните републиканци во Конгресот вклучувајќи го и Пол Рајан кого до неодамна го нарекуваше непријател.

Му го искинале планот

Првобитниот план на владеењето на  Трамп изгледал сосема различно, а го составил гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи како шеф на претседателскиот транзициски тим. Како искусен оператиовец во извршната власт тој подготвил графикот за делување налик на графиконите во претходната транзиција на власта.

Кристи влегол во судир со Кушнер и е избркан, а еден од соработниците на Трамп, неговиот план, церемонијално го искинал и го фрлил во блиската канта за ѓубре.

По ова, стратегијата се променила и усвоен е план за издавање на бројни извршни уредби во кратко време со цел политичките противници да се натераат во дефанзива.

Иако Кристи начелно се согласува со забраната на Трамп за влез на имигранти во САД, денес тој вели дека сето ова е лошо спроведено.

-Претседатеот заслужува многу подобро од начинот на кој е издадена таа уредба. Фактот дека станува збор за политика за која сметам дека е далеку поефективна од она што го предлагаше во текот на кампањата, но спроведувањето е катастрофално и и даде прилика на неговите противници да го обвинат дека станува збор за забрана за влез за муслимани, толкува Кристи.

Во Белата куќа службено инсистираат дека на сила е единство и заедништво.

-Дојдовме овде само како единствен тим кој посветено работи на спроведување на претседателската агенда, изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Њујорк Тајмс на крајот од големиот извештај открива дека Трамп вградил нов телевизор во својата трпезарија во Белата куќа, за да може да гледа вести и додека јаде. Луѓето кои заради состаноци го посетуваат во Белата куќа сведочат дека е опседнат со уредување на ентериерот, а заради промоција на самиот себе си како државник наредил на соработниците во дневниот распоред да му вметнат што е можно повече настани во Овалната соба каде би биле повикани телевизии.

Сака завеси

На посетителите сака да им покажува детали кои наредил да бидат донесени во Белата куќа, посебно златните завеси во Овалната соба, за кои вели дека ги користел Френклин Рузвелт, иако се покажало дека ги вовел Бил Клинтн. Се пофалил дека детално го проучил проспектот со 17 различни варијанти за уредување на прозорците.

Единственито шеф што Трамп го имал во животот бил неговиот татко Френклин Крајст Трамп, а токму неговата црно – бела фотографија е единствената семејна слика која во моментов се наоѓа зас неговата претседателска работна маса.

Не носи наметка

Неколку часа откако Њујорк Тајмс го објави овој голем извештај, Трамп се огласи на Твитер и рече дека „пропаднатиот“ Њујорк тајмс објавил измислица.

Неговиот портпарол Спајсер подоцна побарал извинување, но не сакал да каже што во написот е невистинито.

Кога новинарите го присилиле со прашања, тој рекол дека не е вистина оти Трамп носи наметка.

Њујорк тајмс повтори дека опстанува на својот извештај во целост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.