НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АРСЕНА: Петиција за гевгеличани да плаќаат техничка вода

0
By Нова ТВ on February 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ денеска поведе граѓанска Петиција за намалување на цената на водата од градскиот водоводен систем во Гевгелија на ниво на техничка вода, со цена од 5 денари за потрошен кубик.

Поводот за ваквите активности на „АРСЕНА“  е неколкугодишното игнорирање на локалните власти и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија да се соочат со проблемот со високата конентрација на отровниот металоид арсен во градскиот водоводен систем и забраната за употреба на водата изречена од државната Агенција за храна и ветеринарство.

„Општинските власти и пред се’ Советот на општина Гевгелија досега не обезбедија мерки за снабдување на гевгеличани со чиста вода за пиење. Иако повеќе од 4 години и 4 месеци  е на сила забраната за употреба на водата поради констатирани енормни концентрации на арсен кои се движат од 50 до 130 % над максимално дозволената граница пропишана од СЗО, локалните власти и ЈПКД „Комуналец“ не се ниту обидоа граѓаните да ги известат дека водата смеат да ја користат само како техничка вода. Од тие причини, а и според Законот за заштита на потрошувачи, корисниците на вода од градскиот водоводен систем се должни да го плаќаат тоа што го добиваат – техничка вода за одржување на хигиената, а не и отровниот арсен за кој надлежните не најдоа, ниту воведоа решение за елиминација на арсенот од водоводната мрежа“, изјавуваат од АРСЕНА.

Додека траеше штандот отворен на просторот од градското шеталиште „Маршал Тито“ и претходните три дена од системот „од врата на врата“,  членовите на иницијативата ја добија поддршка од 215 жители на општина Гевгелија. Гевгеличани беа едногласни и не трошеа време за убедување и уверување за исправноста на Петицијата, одговарајќи дека знаат за проблемот со арсенот и редно е веќе да се направи нешто во врска со тоа прашање.

„Согласно препораката на Јавната здравствена установа „Институт за јавно здравје на РМ“ во која е констатирано дека водата од гевгелискиот водовод НЕ  Е БЕЗБЕДНА  за консумација од страна на човекот, ние граѓаните на Гевгелија и населените места, како корисници на вода од градскиот водоводен систем во Гевгелија, бараме од надлежните: Управниот одбор на ЈПКД „Коминалец“ и Советот на Општина Гевгелија како негов основач и верификатор на одлуките на јавното локално комунално претпријатие да донесат ОДЛУКА за  усвојување на Петицијата“, стои во текстот граѓанската петиција. Воедно, граѓаните бараат ваквата цена за техничка вода да трае се’ до моментот на обезбедување на чиста, здрава и безбедна вода за пиење за граѓаните на општина Гевгелија.

Огромниот одзив на гевгеличани да се придружат со соерачен потпис на денешната акција ги охрабри членовите на АРСЕНА да упатат порака и до останатите свои сограѓани да го искористат своето демократско право и со лични иницијативи, односно поддршка на петицијата да го остварат своето право – да го плаќаат она што го добиваат од ЈПКД „Комуналец“, а не и отровниот арсен.

Петицијата за намалување на цената на водата од градскиот водовод на ниво на техничка вода  е дел од проектот „Граѓаните и АРСЕНА до чиста и здрава вода за пиење во Гевгелија и населените места“, поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Цивика мобилитас“, кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).

„АРСЕНА“ петиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.