Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Владините трошења растат, но за што

0
By Нова ТВ on February 14, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2017 14:22

Владините трошења растат, но драматично за отплата на долгови – главница и камати. Голем  дел од буџетскиот колач или скоро 20 отсто завршува за трансфери, најмногу до фондовите, а не е мала ниту ставката за плати и надоместоци, пишува во неделната економска анализа Portalb.mk.

На хартија – за судската власт проектирани законски лимити на средства што морале да бидат одборени и дадени,  во пракса, тие пари целосно не стасале до судовите.

Како и зашто се трошел Буџетот

Дури 19,7% од Буџетскиот колач завршува за тековни трансфери до вонбуџетски корисници – во кои спаѓаат и фондовите а 16,2 % од буџетскиот расходи завршуваат за плати и надоместоци. Структурата за трошење на буџетските пари, што ја објави Државниот завод за статистика покажува дека за каматни плаќања завршуваат 4,5% а за социјални бенефиции 4,9%. За капитални раходи кои се сметаат за клучни во равојната компонента на Буџетот,  во 2015 година се одвоиле 7,58%. Значајна е ставката за отплата на главнина преку која се одлеале 19,8% од Буџетот.

Вкупните буџетски расходи само за една година, или во 2015 во однос на 2014 година се зголемиле за 20,1%, при што најголем раст за цели 182% има кај расходите за отплата на главнина а кај каматите пак растот изнесувал 26,9%. Од дрга страна, во истиот анализиран период капиталните расходи се намалиле за 3,0%.

Со овој ревизорски извештај е направена ревизија на Основниот буџет за 2015 година но било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2014 година.

Управувањето и извршувањето на Буџетот за 2015 година, во делот на планирање и извршување на расходите и другите одливи и планирањето и извршувањето на приходите, според ревизорот, во најголем дел биле во согласност со износите утврдени во рамките на одборените буџети на одделни буџетски корисници, освен во делот на трансферите до единиците на локалната самоуправа и средствата во рамките на буџетот за судската власт.

 Финансирање на судската власт

На хартија – утврдени и планирани износи за финансирање на судската власт, во пракса – буџетската исплата на помали суми од законски утврдените. Ова се дел од наодите на државниот ревизор кои се однесуваат на финансирање на судската власт.

 “Со извршената анализа  на податоците кои се однесуваат на одборените средства за судската власт, за периодот од 2012-2015 година, како и имајќи ја предвид пропишаната висина на нивното одборување, утврдивме дека со воспоставнената динамика на одборување на средства во рамките на буџетот за судската власт,, во наведениот период не е достигнатот законското утврдено ниво на буџетот предвиден  за судската власт во висина од 0,8% од Бруто домашниот производ“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

Така на пример во 2012 година, требало да бидат одборени 0,50 отсто а била дадени 0,45% , во 2013 година според ревизијата, има позначајно потфрлување па наместо потребните 0,6% за судската власт биле доделени средства во висина од 0,39%. Во 2014 година наместо 0,7% – биле доделени 0,41% а во 2015 наместо 0,8%, за судската власт биле доделени 0,38%.

“Ваквиот начин на планирање и финансирање на судската власт создава ризик за целосно обезбедување на стабилно, долгорочно, рамномерно и соодветно финанирање на судската власт“ – констатира ревизорот.  Министерството за финансии доставило забелешки во однос на ревизорскиот извештај.

“Од страна на раководното лице во Министерството за финансии добиени се забелешки на Нацрт – извештајот на државниот ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека дел претставуваат известување за утврдените состојби, дел делумно се прифаќаат и дел не се прифаќаат“ – наведува ревизијата.

Од дадените седум препораки по ревизијата во 2014 година, според ревизорот, утврдено било дека четири препораки се во тек на спроведување, една е целосно споведена и две препораки не биле спроведени.

Темпото со кое се задолжува Македонија, заедно со намената на тие кредити, чество се нотира во извештаите и на меѓународните финансиски институции, кои препорачаа консолидирање на јавните финансии. Од друга страна, за годинава веќе е најавено ново задолжување со Еврообврзница.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.