Published: Tuesday, February 14, 2017 14:40
Турската полиција соопшти дека денеска уапсила Французин со турско потекло осомничен дека му помагал на Абдулгадир Машарипов да го организира масакрот во ноќниот клуб за новогодишната ноќ во Истанбул, пренесува АП повикувајќи се на турските медиуми.
Како што се наведува, осомничениот е уапсен во неделата во Истанбул, а медиумите објавуваат дека тој живее во Франција од 2009 година, а под истрага е од 10 јануари годинава.
Судот во Истанбул во саботата му го продолжи притворот на Машарипов, кој е првоосомничен за убиството на 39 лица во клубот Реин.




