Антонио Касано (34) неодамна го раскина договорот со Сампдорија и се насочи на барање на нова средина во што засега нема успех. Негова желба е да остане во Италија и да продолжи да игра во Серија А, но ако не успее во намерата планира да стави крај на кариерата на лето.
„Верувам дека сè уште можам да играм во италијанското првенство. Не сакам во Кина, Аргентина или Грција, не сакам да одам никаде. Сакам да сум дел од Серија А. Но, ако не добијам прилика да играм за италијански клуб, ќе останам дома и ќе бидам менаџер на сопругата. Таа сега носи леб на маса“, вели Касано, поранешен репрезентативец на Италија и фудбалер на Бари, Рома, Реал Мадрид, Сампдорија, Милан, Интер и Парма.