Заминувањето од Белата куќа како да ја зголеми љубовта што еден за друг ја имаат Мишел и Барак.
За Денот на вљубените Свети Валентајн двајцата вљубени вчера си праќаа пораки на Твитер.
“Среќен Свети Валентајн @michelleobama ! Речиси 28 години со тебе но се уште се чини дека е ново”, ги напиша овие нежни зборови Барак на Твитер заедно со фотографија од периодот што го минаа во Белата куќа.
Неколку минути подоцна Мишел одговори:
“Среќен Свети Валентајн за љубовта на мојот живот и мојот пријател од островот @BarackObama”.
Убавата порака беше придружена од поинтимна фотографија. Најверојатно од нивниот одмор на Карабските острови каде што заминаа по крајот на претседателскиот мандат на Обама. Може да се претпостави дека нивниот одмор поминал фантастично, нежно и вљубено.






