Претседателот на САД, Доналд Трамп ги обвини американските разузнавачки служби дека нелегално им давале информации на некои медиуми за контактите на луѓе од неговата администрација со руски претставници, кои се под истрага.
Преку Твитер, Трамп исто така обвини за објавување лажни вести, со цел да се оправда поразот на Хилари Клинтон на изборите.
„Нелегално им се даваат информации на Њујорк Тајмс и Вашингтон Пост од разузнавачката заедница (НСА и ФБИ?)“, пиша Трамп меѓу другото, продолжувајќи „Вистинскиот скандал овде е дека класифицирани информации нелегално се даваат како чоколада. Сосема неАмерикански“.
„Њујорк Тајмс“ објави дека американските служби нашле постојани контакти на луѓе од кампањата на Трамп и негови соработници со руски разнузнавачи една година пред изборите.






