Чешката влада го номинираше поранешниот европски комесар за проширување Штефан Фуле за генерален секретар на ОБСЕ, мандат кој трае три години.
Актуелниот шеф на ОБСЕ е Италијанот Ламберто Заниер чијшто мандат истекува на 30 јуни 2017 година.Во моментов Фуле е специјален комесар на чешкото министерство за надворешни работи за ОБСЕ.Министерот за надворешни работи на Чешка изјави дека го предлага Фуле за оваа престижно место поради неговото богато искуство во безбедносните проблеми.”Штефан Фуле докажа дека е компетентен дипломат и ефикасен менаџер со одлично знаење за безбедносните проблеми. Тој може да ги презентира европските интереси и да гради добри односи со партнерите”, изјави министерот Заоралек.
Именувањето на првиот човек на ОБСЕ го право министерскиот совет на организацијата а под водство на земјата претседавач а тоа годинава е Австрија. Одлуката ќе биде донесена во втората четвртина од 2017 година.
Фуле беше министер за европски работи на Чешка и заменик министер за одбрана. Помеѓу 2010 година и 2014 година тој беше европски комесар за проширување и соседство.




