Торнадо однесе пет живота во Оклахома, вклучувајќи и мајка и бебе, јавува Ројтерс. Според националниот временски сервис бурата продолжува во соседните Илиноис и Мизури, каде што гувернерот Џеј Никсон веќе прогласи временска непогода и состојба на итност.
Торнадото удри пред 11 дена и веќе уби 24 луѓе. Мајката и бебето загинаа вчера патувајќи западно од Оклахома. Торнадото буквално го собрало нивното возило, велат надлежните.