На Грција и е одобрена новата транша помош во износ од 2,26 милијарди долари. Советот на директори на ММФ вака одлучи по третата анализа за исполнување на антикризната програма од страна на Грција од 15 март 2012 година.
Вклучувајќи ја и оваа транша, Грција досега добила околу 6,57 милијарди евра кредит од ММФ. Антикризната програма се исполнува заедно со државите од еврозоната во чии рамки, Грција за 4 години се надева дека ќе добие околу 173 милијарди евра помош.