Билансот на протестите во Tурција е најмалку 79 повредени- 53 цивили и 26 полицајци, додека уапсени се 939 луѓе, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјавата на министерот за внатрешни работи.
Полициска операција насочена кон демонстрантите ги разгори нередите во Истанбул-
демонстрантите беа пречекани со солзавец и водени топови.
Демонстрантите запалија огнови и се судрија со полицијата во делови од Истанбул и Анкара, но улиците се генерално помирни по два дена од најжестоките анти-владини демонстрации во Турција кои се паметат со години.
Стотици демонстранти поставија пожари во областа Тунали во главниот град Анкара, додека полицијата употреби солзавец и бибер спреј за да се спречат групите да фрлаат камења во близина на канцеларијата на премиерот Таип Ердоган во Истанбул.
Централниот плоштад Таксим во Истанбул каде што протестите беа фокусирани, беше помирен откако полицијата ги повлече назад своите оклопни возила доцна вчера.