Телохранителот и шефицата на кабинет на Марин Ле Пен беа притворени денес поради сомненијата за фиктивни работни места во Европскиот парламент (ЕП), објави француската полиција.
На два месеци од претседателските избори во Франција лидерката на екстремно десниот Национален фронт има проблеми со правдата. Таа изјави дека Франција прави политички интриги врз неа и нејзината партија. Во анкетите за изборите Ле Пен е на прво место како победник во првиот круг на изборите закажан за 23 април.
“Французите ќе знаат да направат разлика помеѓу вистинските скандали и политички интриги”, изјави таа.
И Франсоа Фијон, кандидатот Републиканците од десницата е исто така осомничен за фиктивни вработување на својата сопруга и неговите две деца.
Притворот може да трае 48 часа. Телохранителот и шефицата на кабинет можат да бидат ослободени или обвинети.
Обвинителството истражува дали партијата Национален фронт ставила во погон цел систем на фиктивни работни места кои ги плаќал ЕП преку договори за парламентарни асистенти. Овие лица всушност работеле само за партијата а биле платени од европски фондови. Марин Ле Пен е исто така предмет на истрагата.
ЕП бара од Ле Пен да ја врати сумата од 340.000 евра кои им биле платени на телохранителот и шефицата на кабинет во 2011 година.




