Астрономите откриле седум планети со големина колку Земјата кои кружат околу една ѕвезда, што е досега рекорден број, соопшти Американската вселенска агенција -НАСА.
Истражувачите велат дека на сите седум е можно да има вода на површината, во зависност од другите карактеристите на овие планети. Сепак, три од овие тнр. светови се можни зони на кои има живот.
Планетите се во соѕвездието Трапист 1, блиску една до друга и се движат како и Земјата, на подеднаква оддалеченост од ѕвездата, така што на едната половина на планетите секогаш е ноќ. НАСА ова откритие го нарече „највозбудливо во последните 15 години“.
Трапист 1 е „ултра ладно џуџе“ ѕвезда лоцирана на 40 светлосни години од земјата, составена од само 8 отсто сончева маса, малку поголема од Јупитер и многу поладна и поцрвена од Сонцето.
Планетите се откриени со помош на Спајсер вселенскиот телескоп на НАСА и неколкуте опсерватории на Земјата.
Пред конференцијата на НАСА единствено беше соопштено дека не се работи за вонземјани.
Егзопланетите, планети кои кружат околу ѕвезди надвор од Сончевиот систем, во моментов се вселенски тела во кои научниците полагаат многу надеж кохга е во прашање животот во веселената, бидејќи за многу од нив се покажало дека личат на Земјата, па можно е да ги содржат и истите елементи за одновата на животот. Со тек на време научниците откриваат се повеќе вакви планети.




