Една од најголемите критичари на претседателот на Филипини Роодриго Дутертe против неговата војна со дрогата, филипинската опозициска сенаторка Лејла де Лима (57), беше уапсена под обвиненија поврзани со наркотици.
Суд во Филипини побара апсење на Де Лима и други лица обвинети за земање поткуп од приведени наркодилери.
Сенаторката ги негира обвиненијата. Лани таа беше шеф на сенатска група за истрага на убиства без суд и пресуда извршени во „војната“ на Дутерте против наркодилерите.
Оваа недела таа го нарече Дутерте „сериски убиец и психопат“ и побара неговата влада да го прогласи за неспособен да управува со државата бидејќи има „криминален ум“.
„Јас сум невина, но чест ми е што ќе бидам затворена поради нештата за кои се борат. Ве молам молете се за мене“, рече таа.
Во војната против дрогата која ја поведе Дутерте од мотиви кои за критичарите како де Лима не се баш чисти и хумани, беа убиени 7,000 луѓе меѓу кои стотици деца, дури и такви на возраст од 5 години.




