Published: Friday, February 24, 2017 11:47
Словенија ги одобри истополвите бракови, според закон со кој на хомосексуалните двојки им се даваат главно истите права како и на хетеросексуалните, но не и правото да посвојуваат деца.
Директорот на матичната служба во Марибор Ксенија Клампфер изјави дека првиот истополов брак во овој град ќе биде склучен утре.
И други членки на ЕУ правно ги признаа истополовите бракови , вклучувајќи ги Британија, Франција и Шпанија.
Законот за истополови бракови е усвоен пред десет месеци, откако на референдум одржан во декември 2015 година е отфрлена можноста тие да имаат право да посвојуваат деца.
Градските власти во Љубљана изјавија дека ниту една истополова двојка не е регистрирана во словенечката престолнина.




