Социјалдемократската партија на Германија (СДП) првпат во последните десет години е попопуларна од конзервативната Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, покажуваат најновите анкети.
Според истражувањето „Ифратеста“ кое го објави телевизијата АРД, СДП на изборите би освоиле 32 отсто, 4 отсто повеќе отколку минатата недела, додека ЦДУ би освоила 31 отсто, или 2 отсто помалку од минатата недела.
Социјалдемократите бележат раст на поддршката кај германските гласачи откако е објавено дека новиот партиски лидер Мартин Шулц ќе и се спротивстави на изборите на Ангела Меркел во септември.
Аналитичарите сметаат дека се уште е рано да се одредува победникот и дека прашање е дали растот на популарноста на Шулц ќе потрае.
Шулц, до неодамна претседател на Европскиот Парламент, го замени Зигмар Габриел на чело на СДП. Неговата партија во моменто ве најголем партнер во коалициската влада на германската канцеларка Меркел.




